Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик
Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре во хотелот „Рејкјавик Гранд“ во Рејкјавик ќе се одржи годишниот состанок на генералните секретари на европските национални и федерации.
Препорачано
Состанокот, кој во ваков формат се организира веќе трета година по ред, претставува важна платформа за размена на искуства, идеи и зајакнување на соработката меѓу националните федерации ширум Европа. Ќе бидат присутни генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Томче Стојчевски, и потпретседателот, Младен Ѓуроски.
На агендата на состанокот се предвидени повеќе актуелни и значајни теми за европската и светската кошарка, меѓу кои половата подобност, судењето, осигурувањето, 3×3 кошарката, новиот изглед на ФИБА Евро Купот како и новитетите поврзани со ФИБА Европскиот куп, процесот на ЛОК/НЦАА лига, односно трансфери на европските играчи во европските лиги.
Годишниот состанок во Рејкјавик претставува уште една можност за продлабочување на соработката и координацијата меѓу европските федерации, со фокус на идниот развој на кошарката на континентот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


