Генерал Стојановски: Бугарија требаше да покаже дека е вистинска членка на НАТО

генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, за Утрински брифинг
генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот началник на Генералштабот на Армијата / Утрински брифинг

Македонија е најмладата членка на НАТО, но има децениска соработка со НАТО.

-Ми пречат омаложувачките коментари па дури и на официјални лица за потенцијалите на македонската армија. Ние сме мала држава, но сега како полноправна членка можеме да седиме на иста маса со големите членки, тој клуб на привилегирани земји, и можеме да го изнесеме нашето мислење. Ние сме дале огромен придонес за НАТО во мисиите и тоа беше една од главните препораки за нашето влегување во Алијансата. Нашата Армија е добро обучена и со искусен персонал и никогаш не сме се посрамотиле кога сме оделе во мисија, иако имаме помалку софистицирана опрема, вели генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, за Утрински брифинг.

Во новиот стратегиски концет се појавува и нова мисија, вели генералот и појаснува дека Русија се покажа оти може да врши кибернапади па дури и да влијае на избори во големи земји како што се САД.

-Ова што се случува и во Бугарија многу придонесува ваквите закани да опстојуваат во овој регион, па затоа Бугарија требаше да покаже дека е вистинска членка на НАТО а не да балансира на обете страни, коментира генерал Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот