„Џемини“ конвертира аудиоснимки во текст за само една секунда
„Гугл“ воведе нова опција во рамките на својата апликација со вешткачка интелигенвија „Џемини“, што овозможува моментална конверзија на аудиоснимки во транскрипти. Корисниците сега можат да испратат аудиофајл, а системот ќе ја конвертира во временски обележан транскрипт.
Препорачано
Оваа функција е исклучително корисна за професионалци и студенти, кои повеќе нема да мора да поминуваат часови рачно слушајќи состаноци, интервјуа или предавања.
Новата функција е достапна и во мобилната и во веб-верзијата на „Џемини“. За да ја користите, само кликнете на знакот плус и изберете ја опцијата за испраќање на датотеката. Поддржани се најпопуларните формати, како што се MP3, M4A и WAV.
„Џемини“ не само што го транскрибира аудиото, туку автоматски додава и прецизни временски ознаки за полесно да се пронајдат клучните делови од разговорот. Друга важна карактеристика е автоматското препознавање на говорникот. Вештачката интелигенција ги детектира промените во гласот и јасно покажува кој кога зборувал, што е исклучително корисно за анализа на сложени дијалози.
Иако постои ограничување од десет аудио датотеки по сесија, брзината и точноста на „Џемини“ ги воодушевуваат првите корисници кои ја испробаа новата опција.


