Македонска полиција/ Фото: Миа

Газда на фирма од Крива Паланка е осомничен дека узурпирал државно земјиште и градел нелегално

Сопственик на фирма од Крива Паланка е осомничен дека узурпирал државно земјиште и на него бесправно изградил потпорни ѕидови, натстрешница, помошен објект и скали, со што им го оневозможил користењето на просторот на граѓаните.

„ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(50) и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘узурпација на недвижности’. Во периодот од 2021 до 2025 година, во дел од три катастарски парцели запишани во имотен лист во државна сопственост со вкупна површина од 518 метри квадратни, првопријавениот во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице како инвеститор, со намера за владение зазелe туѓа недвижност, имот во општа употреба во сопственост на државата и бесправно изградилe потпорни ѕидови, наtстрешница, помошен објект и скали со што оневозможилe користење на просторот од граѓаните на РСМ. Притоа, тие не обезбедиле потребна техничка документација со намера да бидат употребени за вршење на угостителска дејност во корист на второпријавеното правно лице и на тој начин го оштетиле државниот буџет“, соопшти полицијата.

Кумановски инвеститор е осомничен дека на диво изградил кат на магазин — инспекторка наводно замижала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот