Гави е четвртиот фудбалер на Барса со клаузула од 1 милијарда евра

Гави останува во Барселона до 2026 година/фото: EPA-EFE/BRETT HEMMINGS

Барселона и Гави ги постигнаа сите договори и услови и наскоро ќе објават продолжување на соработката до 2026 година, потврди денеска Фабрицио Романо.

Фудбалерот на Барса влезе во последната година од неговиот договор на 30 јуни, летово имаше бројни понуди, но ги одби бидејќи сакаше да остане.

Неговиот агент Иван Де Ла Пења водеше тешки преговори со Матео Алемани, бидејќи многу клубови му понудија на Гави двојно повеќе пари од Барса. Но, приоритет на Гави во овој момент беше да биде значаен дел од тимот и да има минутажа, која ја доби од Чави.

Што е уште поважно, клаузулата на Гави исто така ќе биде 1 милијарда евра, која ја воведе Жоан Лапорта. Ваква клаузула во текот на минатата сезона добија Ансу Фати, Педри и Роналд Араухо околу кои Барса сака да гради тим во наредните години.

Гави е роден во 2004 година, неодамна стана полнолетен, пред него се најдобрите години и има желба да ѝ ги посвети на Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот