Галетановски: На животните во ЗОО Скопје не им е јасно што се случува, посетите ќе бидат ограничени (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Жителите во Зоолошката за сега се мирни, се уште не им е јасно што се случува. Нормално функционираме, внимаваме на протоколите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Посетите во зоолошка ќе бидат ограничени.

– Пристигнаа белите лавови од Франција и Германија. Пристигнаа фламингата, а после кризата ги очекуваме и пингвините. Живеалиштата на фламингата се готови, додека за пингвините се подготвуваат и очекуваме набрзо да бидат готови. Посетите во зоолошката ќе бидат контролирани од редари, со ограничен број на посетитетели.

Морам да напоменам дека животните се навикнати на луѓе. До сега дневно по 10.000 луѓе ги посетуваа, па затоа и нивното однесување во овој период е малку чудно, додаде Галетановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот