Галетановски: На ракометниот натпревар присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски по повод вчерашните случувања околу неговото присуство на ракометниот натпревар Македонија- Данска испрати изјава до медиумите.

– Во текот на вчерашниот ден бев прозван од неколку лажни Твитер профили, а потоа веста за наводно прекршување на Ковид протоколите се прошири и по медиумите, по што бев повикан да дадам изјава во полициската станица Карпош. Како што изјавив таму, сакам и овде да кажам дека на ракометниот натпревар завчера присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на македонската ракометна федерација. Бев запишан на списокот пред салата, кој бил предаден до МВР еден ден пред натпреварот, а кога стигнав на врата, уредно бев сместен во салата според сите протоколи. Свесно и одговорно тврдам дека јас лично не прекршив ниту еден протокол и доколку обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка, повикувам да постапи според законот”, стои во изјавата на Галетановски.

Функционери на СДСМ завршија во полиција откако од трибините го следеа мечот со Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот