Функционери на СДСМ завршија во полиција откако од трибините го следеа мечот со Данска

Пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорите на скопската Зоолошка градина и на затворот во Шутка биле повикани во полициска станица, под сомневање дека ги прекршиле ковид-протоколите.

Четворица функцинери на СДСМ попладнево даваа исказ во полиција, под сомневање дека ги прекршиле ковид-протоколите, откако синоќа од трибините на спортскиот центар „Борис Трајковски“ го следеа ракометниот меч С Македонија – Данскa, и покрај ограничувањето за присуство на публика.

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорите на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски и на затворот во Шутка Филип Андонов, денеска биле повикани во полиција, откако не само што биле забележани на трибините, туку и објавија фотографии на Фејсбук.

Во изјави за „Телма“, по давањето исказ во полиција, функционерите на СДСМ посочуваат дека, како спортски работници, присуствувале на натпреварот по покана на Ракометната федерација.

„Секако дека, во ова тешко време, треба да се запазат протоколите и безбедноста. Јас сепак мислам дека нема ничија вина, бидејќи Федерацијата постапила како што треба и поканила гости, како што има право. Јас присуствував со покана како дел од менаџмент-тим, за кој имам и договор“, изјави Галетановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот