Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Вардар го победи Бутел и го крена шампионскиот трофеј

Вардар со победа ја затвори шампионската сезона, откако во последното коло славеше против Бутел со 36-34 во натпревар исполнет со неизвесност.

„Црвено-црните“ титулата ја обезбедија уште пред неколку кола, а денеска пред своите навивачи ги добија шампионскиот пехар и медалите. Иако средбата првично требаше да се игра во Бутел, гостинскиот тим му излезе во пресрет на новиот шампион, па натпреварот се одигра на теренот на Вардар за клубот на домашен терен да го прослави трофејот.

Во најголемиот дел од мечот се водеше израмнета борба, но вардарци во завршницата го засилија ритамот и успеаја да стигнат до 30. победа сезонава.

Најефикасни во победничкиот состав беа Урош Митровиќ и Харуки Кавада со по шест голови, додека кај Бутел се истакнаа Дејан Михајловиќ и Тодор Узунчев со по осум погодоци.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот