ГАЛЕРИЈА | Што се случи со авто-кампот ,,Андон Дуков“: Од некогаш најатрактивна дестинација, сега е сцена од хорор филм

Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски

Дали се сеќавате на авто кампот ,,Андон Дуков“ во Охрид? Помладите сигурно не се сеќаваат, но повозрасните и тоа како ќе се присетат на овој некогаш најпосетуван камп. Многу генерации веруваме имаат убави спомени од летните одмори поминати во кампот, но кога ќе ги погледнат овие фотографии, спомените брзо ќе им се срушат.

Читател на Слободен печат до нашата редакција испрати фотографии од овој некогашен бисер на Охридското крајбрежје кој сега наликува на сцена од хорор филм. Тој е целосно запуштен, руиниран, со разурнати објекти и преполн со ѓубре. Уличното осветлување речиси не функционира. Овој некогаш атрактивен туристички објект сега е само сенка на она што некогаш претставувал, а освен сопствениците на неколкуте бунгалови, никој друг не го посетува.

Кампот е вака оставен со години поради проблеми со имотно-правните односи околу сопственоста кои се уште не се решени. Локалната власт во Охрид на чело со Никола Бакрачевски во 2014 година најави дека овој простор ќе се урбанизира и дека на негово место ќе се изградат резиденцијални објекти, но набрзо се откажа од таа идеја.

Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски
Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски
Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски
Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски
Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски
Фото: Слободен печат/ Кирил Анастасовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот