Фото „Слободен печат“ Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Се руши модуларната ковид-болница кај Инфективна, на нејзино место ќе се гради катна гаража на Клинички

Утринава почна рушењето на модуларната болница во близина на Инфективната клиника. Багерите ја срамнија со земја конструкцијата која својата намена ја имаше во пандемијата со ковид 19, но подоцна беше руинирана, со пропаднати подови и без никаква функција. На местото на модуларната болница како што потврдија за „Слободен печат“ високи извори во Министерството за здравство, ќе никне една од трите предвидени катни гаражи со кои треба да се реши сообраќајниот хаос на Клинички центар. Капацитетот на обезбедени паркинг-места на ваков начин ќе биде до 1.000 возила наместо досега најавените 500.

Фото „Слободен печат“ Драган Митрески

Локациите на кои се планира да се изградат монтажните катни гаражи се во близина на ГАК, во близина на хелиодромот и во близина на Инфективната клиника.

Решено е административното прашање за земјиштето на кое ќе бидат овие гаражи. Земјиштето му е предадено на Министерството за здравство, за тоа понатаму да му го отстапи на Град Скопје, а потоа Градски паркинг да почне со изведбата. Парите за проектот ќе бидат обезбедени со ребаланс на буџетот на Град Скопје.

Фото „Слободен печат“ Драган Митрески
Фото „Слободен печат“ Драган Митрески

Според одговорите што ги добивме од Град Скопје, во моментов е во тек изработка на проектната документација, по чијашто финализација ќе следи утврдување на динамиката на градба. Средствата за реализација на проектот ќе бидат обезбедени преку ребалансот на Буџетот на град Скопје. Монтажните катни гаражи ќе ги изведува градот Скопје, додека со нив ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг”, со што ќе се обезбеди ефикасно и организирано управување со новите капацитети.

Фото „Слободен печат“ Драган Митрески

Во однос на цената на паркинг-услугите, оттаму велат дека нема да има промена во цената за еден час паркирање.

Паралелно со изградбата, ќе се реализира и подобрување на сигнализацијата и воведување современи смарт табли кои во реално време ќе ги информираат возачите за расположливите паркинг места, како и појасна организација на сообраќајот во зоната на Клиничкиот центар.

Фото „Слободен печат“ Драган Митрески
Фото „Слободен печат“ Драган Митрески

Во Клинички центар ќе никнат три монтажни катни гаражи, а не две како што беше најавено – капацитетот е до 1.000 возила

Монтажните гаражи на Клинички ќе ги изгради Град Скопје, во близина на стара Гинекологија и во близина на хелиодромот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот