Авицена Женска трка 2026/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | Повеќе од 3.400 учеснички ја истрчаа 14. „Женска трка“

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – „Женска трка“, денеска го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички.

Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.

„Со денешната 14. Авицена Женска трка, со 3.400 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, за своето тело и здравјето. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број натпреварувачки. Оваа година имавме и нова категорија на возраст над 80 години и сите аплаузи отидоа кон овие дами. Со ова докажуваме дека во спортувањето, границите успеавме да ги поместиме”, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот и целта на три километри долгата трка беа на булеварот „Илинден” кај фонтаната Лотос.

Победничка на овогодинешното издание на Авицена Женска трка е Душица Јанковиќ, која патеката ја истрча за 11 минути и 24 секунди. Второто место ѝ припадна на Викторија Тодоровска, со истрчано време од 11 минути и 58 секунди, додека пиедесталот го заокружи Емили Ивановска, со време од 12 минути и 6 секунди.

Доделени беа и признанија за најбрзите во 10 возрасни категории. По доделувањето на наградите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на трката.

Авицена Женска трка и оваа година покажа дека се зголемува спортската култура кај женската популација и дека со добра организација секој може да води здрав живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот