Локални избори - Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

ГАЛЕРИЈА | Мирен ден, но голема неизвесност во Кичево – излезноста расте од час во час

Изборниот ден во Кичево минува во мирна и демократска атмосфера, без забележани нерегуларности, а граѓаните активно го користат своето право на глас. До 15 часот излезноста изнесува 40,6 проценти, што е значително повеќе во споредба со првиот круг, кога до истиот термин гласале 36,22 отсто од запишаните избирачи. Зголемениот одѕив, според локални извори, се должи на големиот интерес кај населението за конечниот исход, бидејќи изборната трка се смета за мошне неизвесна.

Локални избори – Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Во вториот круг се натпреваруваат Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, кој настапува како кандидат на ДУИ, односно на Националната алијанса за интеграција. Обата табора излегоа со оптимистички пораки и апели до граѓаните да гласаат мирно и достоинствено.

Локални избори – Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Јовановски во првиот круг освои убедливо најмногу гласови – 11.682, додека Дехари зад него заостана со околу 6.000, односно доби 5.586 гласови. Кандидатот на Вреди, Фатмир Лимани, тогаш освои 4.164, а независниот Шкодран Алили заврши со 4.006 гласови. Првите двајца сега се борат за конечната победа, која ќе одреди дали Кичево ќе добие нов градоначалник или Дехари ќе ја задржи функцијата уште еден мандат.

Локални избори – Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Според впечатоците на екипата на „Слободен печат“ која се наоѓа во Кичево, гласањето се одвива без инциденти, избирачките места се отворени навреме, а интересот расте со секој час.

Локални избори – Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Државната изборна комисија и локалната изборна комисија во Кичево постојано ја следат состојбата на терен, а првичните податоци за излезноста по затворањето на гласачките места се очекуваат вечерва. Резултатите од оваа трка ќе покажат дали Кичево останува во рацете на досегашната власт или се подготвува промена по повеќе од еден мандат на актуелниот градоначалник.

Локални избори – Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот