Галерија: Големиот пожар во Тетово е локализиран, облакот црн чад сѐ уште е надвиснат над градот
Големиот пожар во фабриката за градежни материјали „Пофикс“ доцна попладнево е локализиран, а облакот од густ црн чад кој го обви Тетово и натаму е надвиснат врз градот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Пожарот го гасеа околу 150 пожарникари од Тетово, Скопје, Куманово и Кавадарци. Напомош пристигнаа и припадници на армијата, како и полициски хеликоптер.

Пожарникарот Авни Амети од тетовската противпожарна единица, попладнево за МИА информираше дека заедно со колегите од повеќе градови интервенирале да се изгаси огнот што беснееше во некогашната управна зграда на „Македонија Табак“, и успешно спречиле пожарот да се прошири врз двата соседни објекти.

За среќа, нема повредени. Неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето и беа пренесени во болница.
Пожарот денеска целосно го парализираше животот во градот, а граѓаните, кои сѐ уште се справуваа со последиците од вчерашното невреме и поплавените дворови и подруми, поголемиот дел од денот го поминаа затворени во своите домови.


