Герила акција на „Кој е следен?“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ГАЛЕРИЈА | Герила-акција во Скопје посветена на мајките на загинатите во Кочани

Движењето „Кој е Следен?“ денес спроведе герила-акција на споменикот на Олимпија во центарот на Скопје. Акцијата имала цел симболично да ја претстави црнината што мајките на децата во Кочани ја носат последните осум месеци, по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Герила акција на „Кој е следен?“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Од движењето упатија повик до жителите на Скопје да се приклучат на солидарниот марш што го организира Здружението „16 март“ на 15 ноември, со збирно место на Плоштадот Македонија во 12:05 часот.

Герила акција на „Кој е следен?“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Маршот, наречен „Марш на ангелите“, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што учесниците ќе побараат правично судење за трагедијата во која загинаа 63 претежно млади лица, а повредени беа околу 200.

Герила акција на „Кој е следен?“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Судското рочиште за случајот „Пулс“ е закажано за 19 ноември.

Герила акција на „Кој е следен?“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Герила акција на „Кој е следен?“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот