Гала оперски концерт на Александрина Пендачанска од Бугарија ќе се одржи во Националната опера

На сцената на Националната опера и балет, на 8 март, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран.

На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски (баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, а концерт-мајстор е Климент Тодороски.

На програмата ќе се изведат оперски арии од композиторите Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди, Џ. Росини, Р. Леонкавало, У. Џордано и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот