Гал Гадот сподели дел од облеката на „Wonder Woman“: Филмот оствари рекордна заработка

Instagram
Instagram

Гал Гадот ја воодушеви публиката со својата улога во „Wonder Woman 1984“, чија премиера се случи 25 декември на стриминг сервисот на „HBO Max“ и веќе заработи 85 милиони долари ширум светот, пренесува „Daily Mail“.

35-годишната израелска актерка во неделата на социјалните мрежи сподели фотографија, покажувајќи го препознатливиот изглед на „Wonder Woman“, воедно, славејќи го големиот успех на новото продолжение.

Instagram
Instagram

Се чувствувам носталгично… Го најдов овој мал потсетник од една од моите први проби… Се чини како да беше пред многу векови, но во исто време како да беше вчера, го знаете чувството?“, напиша Гадот.

Instagram
Instagram

Додека обожавателите ширум светот продолжуваат да ја прифаќаат Дијана Принс, понесени од силната изведба во „Wonder Woman 1984“, ние сме возбудени што можеме да ја продолжиме нејзината приказна со нашите Гал и Пети, кои ќе се вратат да ја заклучат долго планираната театарска трилогија“, изјави претседателот на „Warner Bros. Pictures Group“, Тоби Емерих, најавувајќи го третиот филм.

Од филмската компанија потврдија дека и претстојниот филм повторно ќе биде во режија на Пети Џенкис, која пак, деновиве се огласи на „Твитер“.

Ви благодарам многу за прекрасните пораки и твитови. Ова е нашата единствена премиера и ангажман со обожавателите, овој пат, ми значи повеќе од сè. Ви благодарам што го гледавте филмот“, напиша таа.

Instagram

„WarnerMedia“ објави дека продолжението го следеле „скоро половина од претплатниците на „HBO Max“ на денот на неговата премиера.

Филмот ги сруши рекордите и ги надмина нашите очекување за прегледи и мерила на претплатниците на платформата во првите 24 часа, а интересот и моментумот што го гледаме укажуваат дека бројките веројатно ќе продолжат да растат…“, изјави извршниот потпретседател и генерален директор на „WarnerMedia“, Енди Форсел.

Иако многумина се одлучија да го гледаат „Wonder Woman 1984“ дома, филмот сепак заработи 16,7 милиони долари од продажна на билети, што и не е мала бројка имајќи ја предвид ситуацијата со пандемијата на коронавирус и фактот дека мал број кина се отворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот