Г.г Стефан со честитка по повод Рамазан Бајрам: Деновите да ни поминуваат во мир, почитување и меѓусебно разбирање

Архепископот г.г. Стефан/Фото: МИА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ Реис-ул Улема Хаџи Шаќир Ефенди Фетахи.

– Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа. Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот! Честит празник!, се наведува во честитката од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот