Бове/ACF FIorentina

Фудбалерот кој имаше срцев удар се враќа на терените, но нема да може да игра во Италија

Италијанскиот фудбалер Едоардо Бове е на чекор до враќање на фудбалските терени, но ќе мора да продолжи надвор од Италија, а како опција во овој момент се најавува Вотфорд од Чемпионшип.

Пред околу 13 месеци, настапувајќи за Фиорентина, Бове го загрижи фудбалскиот свет кога ненадејно се сруши на теренот и ја загуби свеста поради срцев удар. Благодарение на брзата и навремена реакција на медицинскиот тим, неговиот живот беше спасен, а подоцна му беше вграден и дефибрилатор.

Поради строгите правила во Серија А, кои не дозволуваат настап на фудбалери со вграден дефибрилатор, Бове е принуден продолжението на кариерата да го побара надвор од Италија, во слична ситуација како онаа што претходно ја имаше и Кристијан Ериксен.

Според најавите, во наредниот период се очекува Бове официјално да потпише договор со Ватфорд и да ја продолжи кариерата во Англија, каде би требало повторно да се врати на фудбалските терени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот