Иран фудбалерки/EPA/DAVE HUNT

Фудбалерките на Иран на удар на критики – ги означија како „воени предавници“

Фудбалерките на Иран се најдоа во центарот на огромен скандал откако на натпревар од Азискиот куп во Австралија одбија да ја пеат националната химна на својата земја.

Нивниот потег пред дуелот против Јужна Кореја предизвика жестоки реакции во Иран, каде што на државната телевизија беа наречени „воени предавници“. Во една од емисиите водителот порача дека фудбалерките треба строго да се казнат.

Фудбалерките заедно со селекторката Марзие Џафари во понеделникот молчеа за време на интонирањето на химната, што во јавноста беше протолкувано како тивок протест против актуелниот исламски режим во земјата. Инцидентот се случи само два дена по убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во американско израелски напад, настан што дополнително ја зголеми тензијата во земјата.

Поради заканите кои доаѓаат од нивната татковина, во меѓувреме се појавија и повици Австралија да им обезбеди азил на иранските фудбалерки. Ситуацијата околу репрезентацијата на Иран сè повеќе го привлекува вниманието на светската јавност.

Иран најави повлекување од Светското првенство – две репрезентации чекаат шанса да го заменат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот