Фудбалерите немаа среќа, Украина го „преживеа“ второто полувреме и ги освои бодовите

epa09279439 Elif Elmas (L) of North Macedonia in action during the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Ukraine and North Macedonia in Bucharest, Romania, 17 June 2021. EPA-EFE/Robert Ghement / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби и на вториот натпревар на Евро 2020, овој пат од Украина со 2:1. Ова беше натпревар со две лица на Македонија но и натпревар на кој покажа зошто е дел од Европското првенство. Во првото полувреме, Украина ги казни грешките на избраниците на селекторот Игор Ангеловски со два брзи гола. Притоа Украинците во најголем дел од првите 45 минути доминираа на теренот додека „рисовите“ своите шанси ги бараа преку контрите. Во второто полувреме, Македонија одигра офанзивен напаѓачки фудбал со кој го притисна противникот во својата половина, но сепак на крајот  победата и трите бода ги однесе Украина која во последното третото коло ќе игра против Австрија, додека „рисовите“ ги очекува дуел со Холандија.

EPA-EFE/Robert Ghement

Натпреварот започна со офанзивна игра на двете репрезентации, а првата шанса ја имаше Македонија во третата минута но на одличната топка од Алиоски, Елмас закасни. Доколку дојдеше до топката ќе излезеше сам пред голманот Бушчан.
Потоа следеа минути во кои шанси за гол имаа Украинците, Малиновски беше најголема закана за Димитриевски, но македонскиот чувар на мрежата одлично реагираше.

Откако го издржаа налетот на Украинците, избраниците на Ангеловски повторно имаа две шанси, Николов лошо шутираше во 13. минута, а две минути подоцна Елиф Елмас не ја зафати добро топката која заврши покрај голот на Бушчан.

Потоа Украина повторно ја презеде контролата на теретенот, и најчесто се закануваа преку Јармоленко. Одличниот украински напаѓач во 27. минута доби топка во петерецот на Димитриевски, но македонскиот голман беше сигурен.

Но веќе во следната минута, Димитриевски мораше да ја вади топката од мрежата. По изведениот корнер, Караваев го проигра Јармоленко на десната статива на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежа.

Четири минути подоцна Украина поведе со 2:0 преку Јаремчуќ кој доби одлична топка од Јармоленко по што не му беше лесно да го совлада Димитриевски.

EPA-EFE/Robert Ghement

Во второто полувреме, на Националната Арена во Букурешт како да истрча една друга Македонија, селекторот Ангеловски во игра ги стави Чурлинов и Трајковски на местото на Спировски и Николов што беше најава за офанзивна игра и веќе во првиот напад имаше шанса да постигне гол.

Аријан Адеми одлично шутираше но голманот Бушчан со крајни напори успеа да спречи топката да заврши во голот. Офанзивната игра на Македонија резултира со игра пред голот на противникот, се шутираше од шеснаесетникот и надвор од него. Токму по еден шут на Траковски, голманот Бушчан со крајни напори на допре топката која удри во пречката по што во борба за неа Караваев го фаулираше Пандев, а судијата Рапалини без двоумење покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Езџјан Алиоски, неговиот шут го одбрани Бушчан но одбиената топка дојде повторно до македонскиот репрезентативец кој сега беше прецизен.

EPA-EFE/Mihai Barbu

Фудбалерите продолжија со нападите, повторно се закани Трајковски но Бушчан успеа да го запрен неговиот шут.
По 15-тина минути од примениот гол, Укранците се созедоа од шокот и тежиштето на играта го преселија подалеку од сопствениот шеснаесетник. Во 81. минута, аргентинскиот судија по прегледување на снимката досуди пенал за Украина бидејќи Аврамовски играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Малиновски го изведе пеналот, но Столе Димитриевски одлично реагираше и го одбрани неговиот удар.
Во финишот „рисовите“ напаѓаа, креираа шанси, шутираа, но не успеаја да постигнат уште еден гол кој требаше да биде награда за одличната игра во второто полувреме.

За четири дена, Македонија која ги загуби шансите за осминафиналето, но не ја разочара „фалангата“ коај ги бодреше од трибините, ќе играат против Холандија во Амстердам.

Украина – Македонија 3:1 (2:0)
Национална арена во Букурешт. Судија: Фернандо Рапалини (Аргентина). Стрелци: Јармоленко 29′, Јаремчук 34′ – Алиоски 57′.
УКРАИНА: Бушчан, Караваев, Забарнил, Матвиенко, Миколенко, Степаненко, Шапаренко (од 78′ Шарапенко), Зинченко, Јармоленко (од 70′ Циганков), Малиновски (од 92′ Собол), Јаремчук (од 70′ Беседин).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Велковски (од 85′ Тричковски), Муслиу, Николов (од 46′ Трајковски), Спировски (од 46′ Чурлинов), Адеми (од 85′ Ристевски), Барди (од 77′ Аврамовски), Алиоски, Елмас, Пандев

Видео на денот