Фудбалерите на Вухан се вратија дома после 104 дена! (ВИДЕО)

фото: твитер

Пандемијата во овој град се случи уште додека беа во својата земја, за Гвангжу тргнаа за да тренираат, а потоа се преселија во Шпанија на подготовки.

Фудбалерите на кинескиот суперлигаш Вухан Зал се вратија во својот град после повеќе од три месеци, поточно после 104 дена!

Пандемијата во овој град се случи уште додека беа во својата земја, за Гвангжу тргнаа за да тренираат, а потоа се преселија во Шпанија на подготовки.

Тоа беше само почеток на долго патување. После Шпанија, поточно Малага, каде тимот помина месец и половина, со кратој престој во Германија, следуваше враќање во Кина во март, кога пандемијата веќе започна да се намалува.

Но, дури и тогаш, беше невозможно заминувањето за Вухан, кој беше „затворен“, што дополнително ги зголеми проблемите на клубот, кој беше стациониран во Шенжен уште од 16 март, со одржување на тренинзи во Фошан.

Денеска информациит велат дека фудбалерите во текот на вечерните часови успеаја со еден од брзите возови да стигнат во Вухан каде беа пречекани од навивачи, со цвеќиња, навивачки песни и подароци, и секако со заштитни маски.

Екипата на шпанскиот тренер, Хозе Гонзалес наредните неколку дена ќе ги помине со најблиските, а потоа ќе им се вратат на редовните обврски.

Клубот се заблагодарува до семејствата на играчите за поддршката и разбирањето кое го покажаа за ова време – велат од кинескиот фудбалски клуб Вухан Зал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот