Фудбалерите на Ливерпул повторно тренираат (ФОТО+ВИДЕО)

– Се чини дека без гледачи е сосема можно да се игра, Германија веќе го докажа ова – вели менаџерот на „црвените“ од „Енфилд“, Клоп.

Редси им се вратија на тренинзите во Мелвуд, поточно индивидуалните, со цел да ја одржат формата пред евентуалното продолжување на сезоната во Премиерлигата.

Менаџерот на Ливерпул го сподели неговото размислување за продолжување на натпреварувачката фудбалска сезона 2019/2020 во Германија после двомесечната пауза поради поради пандемијата на коронавирус.

Јирген Клоп е многу сум задоволен што продолжија неговите сонародници во Германија да ги рестартираат шампионатите…

Прилично сум чудна личност, кога не гледам наши натпревари, тогаш најчесто гледам без звук. Не сакам да слушам коментари, самата игра е интересна. Секако, фудбалот без гледачи воопшто не е тоа на што сме навикнати. Сите сакаме да слушаме скандирања на навивачи. Но, сега не постои таква можност. Луѓето сега мора да уживаат во тоа што се нуди.

Да се ​​радуваме што фудбалот ни се врати, а не да размислуваме за отсуството на навивачи на трибините. Се чини дека без гледачи е сосема можно да се игра, Германија веќе го докажа ова. Во исто време, во последното коло од Бундеслигата видовме многу квалитетен фудбал. Се надевам дека ќе го гледам истото кога сезоната ќе продолжи во Англија – рече Клоп.

Ливерпул е убедлив лидер на табелата во Премиер лигата и Клоп е на пат на клубот да му ја донесе шампионската титула, прва по три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот