Фудбалер на Саутемптон ја дрогирал бремената девојка и со тоа го убил нивното дете 

твитер

Поранешната девојка на играчот на Саутемптон, Јан Валери, го обвини дека ја убил нивната ќерка.

Таа на твитер напиша пост во кој бара правда за ќерката, но подоцна го избриша постот.

„Ми беше пратен налог во кој стои дека не смеам да зборувам за ова, но нема да дозволам да се извлече без да го стигне правдата за неговата ќерка. Медиумите наскоро ќе објават за ова, но не поради вниманието и желбата за слава, туку поради правдата за мојата ќерка. Со Јан бевме во кратка врска која резултира со моја бременост кон крајот на 2018 година.

На почетокот од 2019 година ме замоли да абортирам, но го одбив. Кога бев во 20. месец од бременоста, Јан преку интернет купил пилула за абортуст и без мое знаење ми ја ставил во чаша со вода која ми даде да ја испијам кога дојдов кај него за да разговараме за бебето.

Откако ја испил водата ми призна што направил, а јас почнав да чувстввувам болки. Веднаш бев однесена во болница каде ми извршија итно снимање на кое открија проблеми со срцето на ќерка ми, а кои не беа присутни пред да ја испијам таблетата. Пилула за абортус може да се користи само до 10. недела од бременоста, што значи дека таблетата не ја уби ќерка ми додека бев трудна, туку предизвика фатални аномалии на нејзиното срце.

Кога се роди, нејзиниот пулс драстично опасна, докторите се обидоа да ја реанимираат ама не успеаја да и помогнат. Цели два часа се бореа за нејзиниот живот.

Ќерка ми се викаше Хера, а Јан не присуствуваше на нејзиниот погреб, туку се смееше во парк во Франција кога слушна за нејзината смрт“, напиша поранешната девојка на Јан Валери на Твитер профилот кој го нарече „Правда за Хера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот