Фудбалер на Рома ја одби можноста да игра на Светското првенство во Катар
Талентираниот фудбалер на Рома Кристијан Волпато го одби повикот од Австралија за Светското првенство за да може во иднина да игра за Италија.
Препорачано
18-годишниот фудбалер е производ на младинскиот погон на австралискиот Вестерн Сиднеј Вондерс и се придружи на Рома во јануари 2020 година за договор вреден околу 116.000 евра. Роден е во Сиднеј, но во минатото во младинските селекции има настапи за репрезентациите на „Аѕурите“ до 19 и 20 години.
Волпато бил повикан од страна на австралискиот селектор Грем Арнолд, но ако го прифатеше повикот тоа ќе значеше дека во иднина ќе може да настапува само за Австралија. .
„Вчера до 23 часот се обидував да го убедма Волпато да биде дел од тимот. Разговаравме неколку пати, го известив дека е помеѓу 26. повикани за Светското првенство. Прво ми кажа дека сака размисли и да разговара со неговите блиски за да сфати што е најдобро за неговата кариера. Подоцна ме побара, се заблагодари и ја одби мојата понуда да игра за Австралија во Катар. Тоа беше негова одлука, а јас ќе се фокусирам на тимот кој го имам на располагање“, изјави Арнолд.
Сезонава Волпато започна сериозно да се приближува на првиот тим на Жозе Мурињо, запиша шест настапи постигна еден гол и додаде една асистенција.


