Фудбалер на Мец повреден во пожарот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана
Светската јавност остана во шок по трагедијата што се случи во клубот „Le Constellation“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана. Дури 40 лица загинаа на новогодишната ноќ, а 115 беа повредени.
Препорачано
Меѓу повредените лица е и Тахирис дос Сантос, млад 19-годишен фудбалер на францускиот клуб Мец, кој претрпел тешки изгореници во пожарот. Декоративните свеќи поставени блиску до плафонот на барот се наведуваат како можна причина за пожарот.
Дос Сантос беше однесен во болница со хеликоптер, а неговиот клуб Мец набрзо објави соопштение, во кое наведува дека по краткото закрепнување ќе биде префрлен во болница поблиску до неговиот дом.
– ФК Мец со длабока тага објавува дека Тахирис Дос Сантос, играч од Мон Сен Мартен, е повреден во пожар што избувна во Кран Монтана (Швајцарија) на новогодишната ноќ. 19-годишниот играч од Гренада е сериозно повреден и е префрлен со хеликоптер во Германија, каде што е на лекување во болница и добива медицинска нега.
Le #FCMetz a la douleur d’annoncer que Tahirys Dos Santos, joueur stagiaire du club, a été blessé lors de l’incendie survenu à Crans-Montana.
L’ensemble du club unit ses pensées pour les adresser à Tahirys, dans ces heures où il combat la souffrance.
— FC Metz ☨ (@FCMetz) January 1, 2026
Длабоко потресени од оваа вест, администраторите на клубот, играчите, тренерите и вработените се во шок и ги испраќаат своите мисли до Тахирис во овој тежок период додека се бори со болката. Клубот, исто така, изразува целосна поддршка на неговото семејство и, во соработка со медицинските власти, работи на тоа Тахирис да биде префрлен во болницата „Мерси“, во близина на неговиот дом.
Понатамошни информации за состојбата на Тахирис ќе бидат објавени доколку има какви било значајни промени во неговото здравје. Дотогаш, ФК Мец ги моли сите да ја почитуваат приватноста на Тахирис и неговото семејство – се вели во соопштението.


