ФТ: „Фајзер“ и „Бионтек“ ѝ понудија на ЕУ да плати половина од цената за секоја доза вакцина за Ковид-19 од која се откажува

Вакцинирање/ Фото EPA-EFE/WALLACE WOON

Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ ѝ дадоа нов предлог на ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус што Брисел ги нарача, според кој земјите-членки би платиле половина цена или околу 10 евра за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

Дополнително, измените на договорот ќе ѝ овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот.

ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, а за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза.

Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.

Засега нема кометар од „Фајзер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот