Чави ги одби Саудијците – сонува за клупата на европски великан!
Иако се најавуваше дека Чави Ернандес е сериозен кандидат за клупата на Ал Итхад, легендата на Барселона нема намера да замине во Саудиска Арабија.
Препорачано
Според најновите информации, Ал Итхад навистина стапил во контакт со Чави и ја изложил својата понуда, но Шпанецот има поинакви планови за својата кариера. Негова голема желба е да се врати во Европа и да седне на клупата на еден од најголемите клубови на Стариот континент.
Името на Чави се најде на пошироката листа потенцијални наследници на Рубен Аморим, а најмногу се поврзува со Манчестер Јунајтед. Наводно, тој без двоумење би ја прифатил понудата од „Олд Трафорд“, без разлика што клубот оваа сезона не настапува во европските натпреварувања.
Чави е без работа повеќе од една година, од крајот на сезоната 2023/24 кога замина од Барселона. Каталонскиот клуб го презеде во ноември 2021 година и во сезоната 2022/23 ја освои титулата во Ла Лига, трофеј кој се смета за еден од најтешките по големата криза на „Камп Ноу“. Но, следната сезона не успеа да освои ниту еден трофеј, па претседателот Жоан Лапорта реши да го замени со Ханси Флик.
Останува отворено прашањето – дали Чави е вистинското решение за Јунајтед во овој момент?


