Френсис Форд Копола / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Френсис Форд Копола ги продава своите луксузни часовници откако доживеа фијаско со филмот „Мегалополис“

Американскиот режисер Френсис Форд Копола одлучи да ја продаде својата колекција луксузни часовници по фијаското со филмот „Мегалополис“ и инвестицијата од 120 милиони долари во неговото снимање, пишува „Пипл“.

Споменатиот филм беше објавен минатата година и заработи само 14,3 милиони долари, па Копола одлучи да ги продава часовниците преку аукциската куќа „Филипс“.

Еден од часовниците вреди милион долари и е дизајниран од Копола заедно со познатиот часовничар Франсоа-Пол Журн. Има титаниумска стрелка во форма на човечка рака чии прсти и палец се протегаат или се повлекуваат за да означат различни часови.

„Разговорот со Френсис во 2012 година и неговата идеја за користење стрелки во форма на човечка рака за да се каже времето ме инспирираше да создадам часовник што никогаш не можев да го замислам. Предизвикот беше огромен. Токму таков вид часовничарски проект што го обожавам“, рекол Журн.

Секако, во процесот на изработка на часовникот, тој се консултирал со Копола, а прототипот бил направен во 2021 година.

„Горд сум што целосно ја поддржувам продажбата на овој часовник преку ‘Филипс’ за финансирање на создавањето на неговите уметнички ремек-дела во филмската продукција“, додал тој.

Колекцијата часовници на Копола ќе се продава во Њујорк на 6 и 7 декември оваа година.

Легендарниот режисер Френсис Форд Копола итно примен во болница во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот