Фрчат навреди меѓу Шилегов и Дурловски, „оперската певачица“ возврати со „погана уста“

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го нарече лидерот на Левица, Димитар Апасиев „фашист“, а експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и оперски пејач, Игор Дурловски „оперска певачица“, на ова му врати Дурловски на Фејсбук кој напиша „не сум јас ракија па да ме ставаш во таа твоја погана уста“.

Шилегов во гостувањето зборуваше за настаните пред четири години кога се случи упадот во Собранието и изјави дека според него оправдано е делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое се гонеа и сè уште се гонат инволвирани во настаните од „крвавиот четврток“.

Дурловски не му остана должен на Шилегов, па набргу се јави на Фејсбук:

„Ми пренесоа дека оној јадник од градски татко се потрудил да ме омаловажи на ТВ. А бе Шилегов, не сум јас ракија па да ме ставаш во таа твоја погана уста“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот