Францускиот премиер и словенечкиот државен врв ја примија вакцината АстраЗенека

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) во четвртокот потврди дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна, имунизацијата со вакцината денес продолжи во повеќе европски земји.

Премиерот на Франција, Жан Кастекс, денес ја прими првата доза на вакцината „АстраЗенека“ во болницата Бегин, во Сен Манде, близу Париз. Вакцината треба да ги увери Французите во нејзината исправност, по краткоти прекин на имунизацијата со неа против ковид-19,.

– Не чувствував ништо, иако сум малку нежен, коментираше 55-годишниот премиер.

Вакцината денес ја примија и словенечките политичари во Љубљана, вклучувајќи ги премиерот Јанез Јанша, претседателот Борут Пахор, претседателот на парламентот Игор Зорчиќ и претседателот на Државниот совет Алојз Ковсац, пренесува Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот