Францускиот парламент го усвои законот за постепениот излез од вонредната состојба и „здравствениот пасош”

A picture taken on March 3, 2021 in Paris shows a vaccine vial reading "Covid-19 vaccine" and a syringe on an European passport.,Image: 595165088, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JOEL SAGET / AFP / Profimedia

По Националното собрание на Франција, Сенатот исто така го одобри законот за постепено излегување од здравствената вонредна состојба, кој дозволува воспоставување на контроверзниот „здравствен пасош”, јави дописникот на МИА

Преодниот режим што тој го обезбедува гарантитра правна рамка за мерките за ограничување објавени од извршната власт, со  хипотезата за можно продолжување на епидемијата. Овој период ќе заврши на 30 септември, а не на крајот на октомври како што посака извршната власт. Известувачот на текстот во Сенатот Филип Бас, ја повтори неговата „бескорисност”, потврдувајќи дека „ќе беше доволно да се побара од Парламентот да се прошири здравствената вонредна состојба за да се излезе од здравствената вонредна состојба”.

Парламентарците го изгласаа ограничувањето на употребата на полициски час и ограничувања во рамките на овој преоден режим. Првиот останува возможен и планиран во следните 30 дена започнувајќи од 1 јуни. По овој период, ако извршната власт планира да го искористи повторно, тогаш повторно ќе мора да прогласи вонредна состојба за период ограничен на 30 дена пред да биде дискутиран во Парламентот.

Покрај тоа, на иницијатива на Сенатот, за локалните ограничувања предвидени со законот можат да бидат одлучени во траење од само за еден месец, без да се консултира Парламентот. Во однос на чувствителниот аспект на здравствениот пасош, парламентарците го одобрија неговото воведување.

Воведен од владата со измена и дополнување на Националното собрание, „ здравствениот пасош ” ќе биде ограничен на големи собири, како што се фестивали, и подлежи на низа мерки со кои се ограничуваат повредите на индивидуалните слободи. Исто така,тој  ќе биде „привремено, само за време на летото”, истакна Филип Бас. Сенаторите исто така заклучија дека тој може да се спроведе само на места кои не овозможуваат да се обезбеди усогласеност со гестовите на бариерите. Само овластени лица можат да вршат проверки на здравствениот пасош.

„Здравствениот пасош ” ќе овозможи пристап до големи настани, над 1000 луѓе, според ветувањето на владата, предмет на покажување на негативен резултат на тест за вирусот, доказ за вакцинација или потврда за оздравување од контаминација.

Според владата „ ќе бидат преземени санкциите ” кога здравствениот пасош ќе се побара надвор од предвиденото во законот. Филип Бас жали за „големата конфузија” со европскиот здравствен пасош, наменет за олеснување на слободното движење во ЕУ или со „повеќе информации” за употреба на QR-код, кој еднаш скениран на влезот во ресторан или теретана преку апликацијата TousAntiCovid, ќе овозможи да се има информзции за ризикот од контаминација со Ковид-19 доколку некое заразено лице било во установата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот