Француски режисер приведен поради обвиненија за злоставување малолетничка

Фото: Профимедиа

Актерката Хенел, пак, тврди дека режисерот повеќе пати ја допирал непримерно за време, но и откако завршило снимањето на филмот „Ѓаволи“ во почетокот на 2000-тите години.

Францускиот режисер Кристоф Ружја е приведен откако бил пријавен дека сексуално ја злоставувал актерката Адел Хенел кога имала помеѓу 12 и 15 години.

-Тој во моментот е во притвор на основа на минатогодишната пријава од страна на актерката, соопшти париското обвинителство.

Режисерот ги демантира обвинувањата и вели дека сочувствува со потенцијалите жртви на сексулано насилство и злоставување од страна на луѓе кои се на позиција на моќ.

Актерката Хенел, пак, тврди дека режисерот повеќе пати ја допирал непримерно за време, но и откако завршило снимањето на филмот „Ѓаволи“ во почетокот на 2000-тите години.

Инаку, ваквите обвинувања не се чести во Франција, како што тоа се случи во Соединетите Американски Држави, каде голем број на јавни личности раскажаа случаи за сексуално злоставување од страна на мажи кои се на позиција на моќ. Движењето „МеТоо“ го задрма Холивуд, но и американската политичка сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот