Франц Кафка за љубовта и трпението: Трпението е единствен вистински темел на кој се остваруваат сoништатa
Што е љубовта? Многу е едноставно. Љубовта е сè што го засилува, отвора и обогатува нашиот живот. Во сите негови височини и длабочини, пишувал Франц Кафка.
Франц Кафка растел со доминантен татко кој од своите деца барал апсолутна покорност. Докторирал право. Во летото, 1912, во станот на својот пријател Макс Брод ја запознал Фелиција. Нивната љубовна врска започнала со писма.
Препорачано
Првите кавги настанале поради нејзиното молчење за неговото творештво. Во едно писмо, Кафка ја запросил Фелиција, но само 15 дена подоцна нивните допишувања престанале.
Пријателката на Фелиција, Грета Бок, настојувала да биде посредник во нивното смирување, но постигнала само тоа Кафка да се вљуби во неа. Иако се допишувал и со Грета, младиот писател се согласува на официјална веридба со Фелиција.
Многу љубоморна и гневна поради одлуката за веридба, Грета ѝ ги покажала на пријателката, Фелиција, сите писма кои ѝ ги пишувал Кафка. Тоа била причината за раскинување на веридбата.
Со Милена Јесенска, Кафка се запознал во 1920 година, кога таа преведувала едно негово дело. Започнала љубовна врска полна со допишувања, зашто Милена била мажена и живеела далеку.
Нивните допишувања траеле и после раскинувањето, речиси до самата смрт на писателот.
Последната љубов на Кафка била Дора Дијамант, девојка која го разбирала и неговиот карактер и неговата уметност. Иако живееле заедно, не се венчале, зашто нејзиното семејство на тоа се противело.
Во продолжение ви пренесуваме некои од најубавите цитати за љубовта и животот од Франц Кафка.
– Што е љубовта? Многу е едноставно. Љубовта е сè што го засилува, отвора и обогатува нашиот живот. Во сите негови височини и длабочини.
– Бидете само тивки и трпеливи. Пуштите злото и неволјите тивко да ве поминат. Не бидувајте се да ги избегнете. Напротив, внимателно набљудувајте ги. Активното разбирање нека го заземе местото на нервирањето, и така ќе ги надминете неволјите.
– Трпението е клучно за секоја ситуација. Човекот би требал да биде отворен кон сè, на сè да му се предаде, но истовремено да остане трпелив и воздржан. Не постои такво нешто како што е свиткување или разбивање. Прашање е само на надминувањето. Човекот мора трпеливо да прифати сè и да се прилагодува. Препреките кои нè парализираат од став можат да бидат надминати само со љубов. Човекот мора, иако е опкружен со жолти, паднати листови на љубовта, да го види и свежото зеленило на пролетта, да го прегрне трпението и да чека. Трпението е единствен вистински темел на кој се остваруваат нечии сништа.


