Француските трговци нема да даваат хартиени фискални сметки, освен за производите за кои е потребна гаранција

Фискална каса илустрација/ Фото: Helbert Ruiz / ImageSource / Profimedia

Од 1 август 2023 година, во Франција веќе нема да издаваат хартиени фискални сметки, освен во случај ако клиентот конкретно го побара тоа. Истото важи и за белешките кои потврдуваат плаќање со банкарска картичка. Одлуката беше донесена со измени на Законот против отпад и во корист на циркуларната економија во февруари 2020. Првично мерката требаше да стапи на сила од 1 јануари годинава, потоа од 1 април, но беше одложена поради појавата на разни нерешени проблеми. Впрочем, од минатиот вторник сега важи за цела Франција. Секоја година во земјата се печатат 30 милијарди вакви хартиени белешки.

Целта е да се спасат 150.000 тони хартија годишно со нивно отстранување, а 25 милиони дрвја ќе останат неисечени. Другиот аргумент е дека населението повеќе нема да биде во контакт со штетни материи за време на печатењето, како што е бисфенол, кој може да доведе до нарушувања во ендокриниот систем, пишува „24Часа.бг“.

Според истражувањето на потрошувачите 58 отсто го одобруваат новиот систем, но 39 отсто укажуваат дека ќе продолжат да бараат сметки бидејќи сметаат дека е поудобно и полесно да се видат. А 3 отсто размислуваат да користат трета опција – да ги добиваат своите белешки дигитално преку е-пошта, текстуална порака или КЈУАР код. Сепак, постојат исклучоци од правилото.

Ќе биде задолжително да се продолжи со издавање на хартиени сметки за купување на стоки за кои е потребно издавање на гарантен лист – било која апарати за домаќинство, компјутери, лаптопи, телефони, Истото засега важи и за сметките во ресторани, хотели, како и за давање услуги – фризерски и козметички салони, автомеханичари и слично, кога сметката надминува 25 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот