Францускиот премиер Кастекс: Ако победи Макрон, ќе поднесам оставка

Жан Кастекс/ Фото EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Францускиот премиер Жан Катекс денеска изјави дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку победи актуелниот претседател Емануел Макрон, јави радиото Франс Инфо.

– Ќе поднесам оставка во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран, рече Кастекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.

Тој навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот.

Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик по реизборот на Макрон.

За Ле Пен рече дека никогаш не управувала со ништо, ниту била на власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот