Проекцијата ќе се одржи на 6 мај во 20 часот

Францускиот игран филм „Марија“ од Жесика Пали ќе има проекција во Кинотеката

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката организираат ново издание на месечните „Кино средби“, на коишто се прикажуваат современи француски филмови, како и големи класици на француската кинематографија.

Во рамки на мајската „Кино средба“ на 6 мај, во 20 часот, во Кинотеката ќе има проекцијата на филмот „Марија“ (2024) од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо.

Главниот лик Марија е на границата помеѓу светот на децата и оној на возрасните, кога блеснува во контроверзниот филм „Последното танго во Париз“, кој подоцна станува култен. Таа станува светски позната, но не е подготвена ни за славата, ни за скандалот, ни за последиците.

Според медиумите, во „Марија“, Жесика Пали раскажува за трагичната судбина на Марија Шнајдер. Станува збор за „чувствителен омаж на актерката чијшто живот засекогаш се промени по снимањето на ‘Последното танго во Париз’. Анамарија Вартоломеј е извонредна од почеток до крај“, напиша „Телерама“.

Филмот ќе биде прикажан со превод на македонски јазик, известија од Францускиот институт во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот