Француски аеродром ќе биде преименуван по кралицата Елизабета Втора во знак на почит

кралица елизабета втора
Кралица Елизабета Втора / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Аеродром во Франција ќе биде преименуван во чест на кралицата Елизабета Втора, откако ќе добие дозвола од кралот Чарлс, соопштија властите во градот. Ле Туке, во северна Франција, го доби благословот од кралот во понеделникот, соопшти неговото градско собрание.

Аеродромот Туке-Париз-Плаг ќе биде преимуенуван во меѓународниот аеродром Елизабета Втора Ле Туке-Париз-Плаг. Градското собрание соопшти дека почитта на „Големата кралица“ ќе им оддаде признание и на „најголемите Британци од француските одморалишта“. Датумот за инаугурацијата не е одреден, пишува Би-Би-Си.

Тоа доаѓа откако првичниот предлог бил даден до британската круна шест дена по смртта на кралицата на 8 септември минатата година.

Ле Туке објасни дека тоа било поздрав на вујкото на покојната кралица, Едвард Осми, кој го посетувал одморалиштето за да ужива во јавањето коњи и јахтите на песок, понекогаш придружуван од неговата внука кога таа сè уште не била кралица.

„Тоа што кралот Чарлс Трети го прифати предлогот на градоначалникот на Ле Туке дополнително ја зајакнува стратегијата на вториот кој сака да го афирмира Ле Туке како „најбрританското меѓу француските одморалишта““, додаде градското собрание на Ле Туке.

Аеродромот бил дизајниран во 1930-тите за да им посака добредојде на Британците во крајбрежниот град на околу еден час возење од Кале. Таму викендица имаат и претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит. Градот се надева дека новото име на неговиот аеродром ќе ја зајакне врската меѓу градот и Британија и ќе ги пречека туристичките авиони од другата страна на Каналот.

Следниот месец, Ле Туке ќе биде домаќин на англиската рагби репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот