Франција го поздрави договорот за тунелот со Бугарија: Посветеност во прилог на регионалната интеграција
француското министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека го поздравува потпишувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија за изградба на железничкиот тунел кој ќе ги поврзува двете земји.
Препорачано
„Франција го поздравува денешното потпишување на договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој се однесува на изградбата на прекуграничен железнички тунел. Оваа стратешка инфраструктура е дел од проектот за развој на трансевропскиот Коридор 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море. Овој потпис сведочи за посветеноста на Бугарија и Северна Македонија во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот. Исто така, овој договор сведочи и за способноста на нашите два сојузника да го пронајдат патот на доверлив и плоден дијалог, што Франција целосно го поддржува, особено во перспектива на пристапувањето на Северна Македонија и на Западен Балкан во Европската Унија“, изјави портпаролот на министерството, Паскал Конфавре.
Потпишувањето на договорот денеска го поздравија и челниците на Европската унија.


