Епицентарот на земјотресот бил во близина на руралниот град Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн, на длабочина од 10 километри / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

ФОТО+ВИДЕО | Земјотрес со јачина од шест степени го погоди Мелбурн

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на Мелбурн, соопшти австралискиот Завод за метеорологија, пренесува Еј-Би-Си-Њуз.

Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги стресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град.

Последователен земјотрес со јачина од четири Рихтерови степени се случил по првиот земјотрес.

„Седев на мојата работна маса и ми требаше време да сфатам што е тоа“, изјави градоначалникот на Менсфилд, Марк Холкомб за телевизијата Еј -Би -Си.

 

Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви и поголема штета во земјотресот.

Сепак, премиерот ја посочи „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот за населението во зоната како Австралија, каде што тие не се навикнати на земјотреси.

 

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот