Фото: Инстаграм/„Мунте“

ФОТО+ВИДЕО | „Возбудлив пресврт“: Сестрата на Џиџи и Бела Хадид првпат дефилираше на модна писта на 40 години

Иако нејзините полусестри Џиџи (28) и Бела (26) Хадид доминираат на модните писти речиси една декада, Алана Хадид (40) не планирала да го има своето модно деби на Модната недела во Копенхаген оваа недела, пишува „Вог“.

„Одлучив да дојдам во Копенхаген бидејќи ги сакам данските брендови. ‘Сакс Потс’ дознаа дека ќе доаѓам и ме контактираа за да ме прашаат дали сакам да дефилирам на нивното шоу. Ми беше голема чест“, изјавила таа.

Фото: Cynthia Anderson / Shutterstock Editorial / Profimedia

И покрај врнежливите временски услови за време на нејзиното прво модно дефиле, кое се одржа на отворено, Хадид се покажа во најдобро светло. Таа беше дел од модните ревии на „Сакс Потс“ и „Мунте“.

„Врнеше и беше убаво – драматично и навистина епско. Јас ги сакам ‘Сакс Потс’ долго време и беше неверојатно возбудливо да дефилирам за нив“, додала таа.

Фото: Инстаграм/„Мунте“

Алана Хадид, која неодамна го прослави својот 40. роденден, работи како стилистка и е соосновач на брендот „Ла детрес“.

„Јас сум толку вљубена во модните ревии. Не планирав да учествувам во овие модни ревии, но тоа беше еден возбудлив пресврт. Се надевам дека ќе се вратам пак“, изјавила Хадид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот