Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ФОТО+ВИДЕО | Вардар и „Комити“ се враќаат на тронот, „црвено-црните“ со шампионскиот пехар

Со победата (3:0) над еден од најголемите ривали во Првата македонска лига, Шкендија, фудбалерите на Вардар пред своите верни „Комити“ ја потврдија шампионската титула за сезоната 2025/26.

Скопските „црвено-црни“ воедно обезбедија настап во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето.

Веднаш по победата над Шкендија, играчите на Гоце Седлоски го кренаа шампионскиот трофеј на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

За Седлоски ова беше и емотивен меч, бидејќи му беше последен на клупата на новите шампиони на Македонија, па управата сега ќе има за цел да најде нов предводник на екипата.

Вардар се враќа на тронот во македонскиот фудбал по пауза од шест години. Секако, заедно со играчите славеше и извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ФОТОГАЛЕРИЈА | Вардар со победа над Шкендија ја круниса шампионската титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот