ФОТО+ВИДЕО | Уникатна пицерија: Единственото место во светот каде пицата се пече на врела лава во вулканска пештера

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Mario David García Mansilla

Вулканот Пакаја (Pacaya) кој се наоѓа во Гватемала е висок околу 2.500 метри и е на околу 25 километри од главниот град Гватемала Сити. Тој е еден од 38-те вулкани во оваа земја, а неактивен бил околу седумдесет години, за во шеесетите години на минатиот век повторно да почне да еруптира редовно, пишува „Путни кофер“.

И додека луѓето традиционално бегале од жештината и лавата, еден човек видел бизнис можност во тоа. Пред четири години, на вулканот била отворена единствената пицерија во светот каде што се печат пици во вжештени пештери загреани од лава. Пица Пакаја е иновативна идеја зад која стои локалниот готвач Марио Дејвид Гарсија Мансила и е вистинска туристичка атракција.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Mario David García Mansilla

Лавата што тече по планината и ја одржува локалната заедница на штрек станала можност за нов бизнис на Дејвид Гарсија. Кога активноста на вулканот малку стивнала и областа станала безбедна, туристите почнале да ја посетуваат. Во карпестиот дел кој води до кратерот Пакаја, Гарсија изградил импровизирана кујна од која излегуваат сочни и миризливи пици. По ерупцијата пред десет години, тој почнал повремено да пече пици во мали шуплини што ги наоѓал во карпите за своите пријатели. Кога ги усоврши рецептите и процесот, во 2019 година отворил ресторан за сите останати. Го подготвува тестото во долината и го носи готово горе. Тој со себе носи и додатоци, па на лице место ја составува пицата и ја пече во вулканската пештера.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Mario David García Mansilla

За својата специјалност има метален послужавник кој може да издржи температури и до 1000 степени Целзиусови. Го растегнува тестото, го прелива сос од домати, великодушно го покрива со кашкавал, зеленчук или месо. Заштитен со безбедносен костум и облечен во војнички чизми, Гарсија ја става пицата на врвот на лавата. По десет минути на врели камења, специјалитетот е подготвен за послужување! Лавата која излегува од вулканот има температура од 1000 до 1200 степени, а пештерите низ кои поминала остануваат топли со години. Веднаш по ерупцијата, која е честа на Пакаја, пештерите се уште пожешки и потребни се само неколку минути за да се испече пица.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Mario David García Mansilla

Кога првпат се отворила пицеријата, Гарсија немаше многу посетители, изјавил тој за „Форбс“. Но, социјалните мрежи и прераскаживањето на единственото искуство од човек на човек го направило своето.

„Денес многу луѓе доаѓаат да уживаат во искуството да јадат пица направена на вулканска топлина. Јадењето пица печена во топлината на вулканот е фантастично и уникатно искуство“, изјавил Гарсија.

Се разбира, тоа не е целосно без ризици. Активноста на Пакаја исфрла не само лава, туку и пепел, фрагменти од карпи и токсични гасови по падините. Но, користењето вулкански камен за готвење е традиција ширум светот во области во близина на активни вулкани. Гарсија е единствениот, што го направил туристичка атракција.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Mario David García Mansilla

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот