ФОТО+ВИДЕО | Шведска е победник на Евровизија 2023: Лорин ја однесе победата по вторпат
По минатогодишната победа на украинската група „Калуш Oркестра“, вечерва Велика Британија ја презема улогата на организатор на настанот и приреди спектакуларна финална вечер како земја-домаќин на 67. издание на Изборот на песна за Евровизија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оваа година, победата отиде во рацете на Лорин од Шведска, чија песна „Tattoo“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 37 земји-учеснички. На втората позиција се најде Каарија со песната „Cha Cha Cha“ (Финска), а на третата позиција – Ноа Кирел со песната „Unicorn“ (Израел).

За време на големото финале, вечерва настапија претставниците на Австрија, Португалија, Швајцарија, Полска, Србија, Франција, Кипар, Шпанија, Шведска, Албанија, Италија, Естонија, Финска, Чешка, Австралија, Белгија, Ерменија, Молдација, Украина, Норвешка, Германија, Литванија, Израел, Словенија, Хрватска и Велика Британија.

Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Шведска – 340. По пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека шведската претставничка Лорин е годинашна победничка на Евровизија.

Ова е седма победа на Шведска на ова музичко натпреварување, а со тоа ѝ се приближи на Ирска, која досега го држеше рекордот за најмногу победи на Евровизија – седум. Исто така, ова е втора победа на Лорин, која исто така беше победничка на Евровизија во 2012 година, со песната „Euphoria“.

Иако Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија не учествуваа на годинашното издание на Евровизија, речиси сите останати земји од Балканот успеаја да се пласираат во големото финале. Од сите балкански земји, најдобро се пласираше групата „Лет 3“ од Хрватска, која го освои 13 место.
Повеќе текстови за Евровизија:
Наградата „Барбара Декс“: Мартин Вучиќ и „Ај кју“ беа прогласени за најлошо облечени на Евровизија


