Фото: Instagram / judey147

ФОТО+ВИДЕО | Рони О’Саливен од лулка: Двегодишно дете постави двоен Гинисов рекорд во снукер

Џуд Овенс од Манчестер, Англија успешно го изведе трикот наречен „pool bank shot“ (техника во која топката намерно се одбива од работ на масата за снукер пред да падне во дупката), на возраст од само две години и 302 дена, на 12 октомври минатата година. Неколку недели претходно, на две години и 261 ден, малиот Џуд успеа да изведе двоен погодок со еден удар со стапот за снукер, пренесува „Гинисов светски рекорд“.

Ова достигнување во снукер на малиот виртуоз го прави еден од најмладите носители на двоен рекорд во историјата на Гинисовите рекорди.

Неговиот татко Лук првпат го забележал природниот талент на својот син во домот, каде што снукерот брзо станал омилено хоби.

– Мислам дека го сфатив тоа првиот пат кога го зеде стапот. Го направи тоа со апсолутна природност – рекол таткото.

Фото: Instagram / judey147

– Почнав да играм кога имав 10 години, а Џуд почна да игра кога имаше две години. Но, би рекол дека Џуд има многу повеќе природни способности од мене – открил тој.

Малиот Џуд открил дека неговиот омилен снукер играч е Рони О’Саливен. А, кога го прашале кој би победил во натпревар по снукер меѓу него и неговиот татко, Џуд, кој е и навивач на Манчестер јунајтед, бил категоричен: „Јас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот