ФОТО+ВИДЕО | Романтично изненадување: Фудбалерот Жоржињо ја изненади саканата со бајковито запросување

Фото: Инстаграм/Кетрин Хардинг

Италијанскиот фудбалер Жорже Луиз Фрело (31), попознат како Жоржињо, ѝ приреди романтично запросување на својата девојка Кетрин Хардинг (33).

Имено, играчот на фудбалскиот клуб Арсенал клекнал на едно колено пред пејачката, опкружен со црвени рози и свеќи, и ѝ го поставил судбоносното прашање на пејачката, на што таа одговорила со „да“.

Фото: Инстаграм/Кетрин Хардинг

Целата атмосфера била исклучително романтична – пред нив имало голем цветен аранжман во форма на срце, во чија средина пишувало: „Ќе се омажиш ли за мене?“.

Фудбалерот бил облечен во отмен црн костум, а неговата убава избраничка во импресивен црвен фустан со отворен грб.

Фото: Инстаграм/Кетрин Хардинг

Свршеницата на Жоржињо сподели многу фотографии од тој важен момент за двојката и напиша „Љубов моја“ во описот. Исто така, објави и романтично видео од запросувањето, пропратено со песната „Never Break“ од Џон Леџенд.

„Следното поглавје од нашата приказна“, напиша таа во описот на видеото.

Да потсетиме, Жоржињо и Кетрин Хардинг се во романтична врска од 2020 година. Двојката го има тригодишниот син Џекс.

Исто така, Хардинг ја има и осумгодишната ќерка Ада со поранешниот партнер, актерот Џуд Ло, а Жоржињо има две деца со поранешната сопруга Наталија Летери – синот Витор и ќерката Алисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот