ФОТО+ВИДЕО | Пожарот Дикси е втор по големина во историјата на Калифорнија

Фото: EPA

Шумскиот пожар во северна Калифорнија прерасна во втор по големина во историјата на американската сојузна држава, соопштија вчера локалните власти, неколку дена откако пожарот уништи историски град изграден за време на Златната треска и принуди илјадници жители да се евакуираат.

Шумскиот пожар Дикси сега гори на повеќе од 1850 квадратни километри, а само 21 отсто од опожарените области се под контрола. Досега изгоре подрачје со површина поголема од градот Хјустон.

Поголем Дикси беше само пожарот што избувна во август 2020 година, зафаќајќи површина поголема од 3.500 квадратни километри.

Во пожарот за исчезнати се водат три лица.

Според локалните власти, пожарите претставуваат закана за речиси 14 000 куќи и згради, а 400 се веќе изгорени, вклучително и речиси целиот центар на стариот рударски град Гринвил, кој се наоѓа на околу 100 километри од Сакраменто.

Причината за пожарот сѐ уште се испитува, но се претпоставува дека е предизвикан од пад на дрво врз далновод.

EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA
EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA
EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA
EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот