ФОТО+ВИДЕО: Необична глетка во центарот на Скопје, „розов снег“ ја покри улицата Максим Горки

Покривка од розе ливчиња од јапонските цреши/Фото: Душко Груевски

Пролетното ветре денеска создаде необично убава глетка на улицата Максим Горки во центарот на Скопје. Нашиот редовен читател Душко Груевски ни испрати фотографии и видео, од прекрасниот „розов снег“ кој ја покри култната скопска улица.

Прекрасна глетка на Максим Горки/Фото: Душко Груевски

Станува збор за „покривка“ од розови ливчиња од расцветаните јапонските цреши кои со години ја красат оваа скопска улица.

Розов снег на Максим Горки/Фото: Душко Груевски

Погледнете ја оваа прекрасна глетка:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот