ФОТО+ВИДЕО: Неколку убиени во престрелка во трговскиот центар во Копенхаген

Пукање во трговски центар во Копенхаген/Фото: EPA-EFE/Claus Bech DENMARK OUT

Неколку лица се убиени во неделата во престрелка во трговски центар во Копенхаген, соопшти полицијата, која  уапсила 22-годишен Данец и не ја исклучува можноста за тероризам.

Полицијата во Копенхаген претходно објави дека пристигнала во трговскиот центар Филдс по дојава за пукање. Таа ги советувала оние кои се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.

Пукање во трговски центар во Копенхаген/Фото: EPA-EFE/Claus Bech DENMARK OUT

Засега се чини дека нема повеќе напаѓачи во трговскиот центар, соопшти полицијата.

Главната болница во Копенхаген, Ригшоспиталитет, прими „мала група пациенти“ на лекување, објави нејзиниот портпарол.

Има загинати и повредени во инцидентот во Копенхаген/Фото: EPA-EFE/Claus Bech DENMARK OUT

Тој додаде дека болницата повикала дополнителен персонал, вклучувајќи хирурзи и медицински сестри.

На Твитер се појавија неколку видеа од внатрешноста на трговскиот центар на кои се гледа напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот