ФОТО+ВИДЕО | Момче си играло со телефонот на мајка си, па по грешка нарачало 70.000 лижавчиња во вредност од 4.200 долари
Холи Лафаверс, жителка на Лексингтон, САД била шокирана кога на нејзиниот праг од домот пронашла 30 кутии со лижавчиња, каде секоја содржела 2.340 лижавчиња.
Препорачано
Таа за локалните медиуми изјавила дека нејзиниот син си играл со нејзиниот телефон и по грешка нарачал 70.000 лижавчиња од „Амазон“, во вредност од околу 4.200 долари.
„Не можев да им верувам на очите! Мислев дека е грешка“, изјавила таа за локалните медиуми.
Нејзиниот син Лијам, ученик во второ одделение, признал дека додека играл игри на телефонот на неговата мајка, сам нарачал лижавчиња. Секоја кутија лижавчиња чинела 130 долари, што значи дека вкупната куповна на Лијам изнесувала околу 4.200 долари.
„Амазон“ се согласил да ѝ дозволи да врати осум од триесетте кутии, па таа се обидела да ги продаде останатите на пријатели и соседи. Подоцна објавила на социјалните мрежи дека по „долг ден преговори со банката и разговори со неколку телевизиски станици“, „Амазон“ ја контактирал и се согласил да го врати целиот износ на купувањето.
„Ви благодарам на сите што понудивте да купите кутија за да ни помогнете. Со задоволство ќе ви го доставам она што сте го „нарачале“ или ќе го донирам на добротворна организација по ваш избор“, напишала таа.


